Италијанскиот стартап „X Електрик Виекл“ објави дека го лансира својот прв автомобил, кој е отпечатен на 3D печатач.
Ова е електричниот прототип LSEV (low-speed electric vehicle), кој официјално ќе биде прикажан на Саемот за автомобили во Пекинг во април. Автомобилот ќе биде достапен за продажба на кинескиот пазар во 2019 година, а подоцна и во Европа.
На 3Д печатач ќе биде испечатено сѐ во автомобилот, освен шасијата, стаклото, гумите и моторот. За создавање на издржливи материјали за панелите на каросеријата, автомобилскиот производител склучи договор со компанијата од Шангај, „Полимејкер“.
Градскиот автомобил, кој е двосед, може да патува 150 км со едно полнење, а максимална брзина е 70 км/ч. Неговата тежина е 450 кг. Производителот тврди дека автомобилот целосно се создава за само три дена.
LSEV ќе се произведува во Кина и неговата цена ќе изнесува 7.500 долари. Италијанците велат дека веќе добиле 7.000 пред-нарачки за автомобилот од различни компании.
Поврзани артикли