Посебно проектиран вид на пневматик, кој е во завршна фаза од развојот, преставен е на овогодишниот Салон за автомовили во Женева. Пневматикот на компанијата Goodyear, односно прототипот со назив EfficientGrip Performance, наменет е за возилата на електричен погон и се очекува да влезе во сериско производство во 2019 година. Компанијата тврди дека новите пневматици ќе овозможат подобри перформанси кај електричните возила.
Имено, Goodyear истржувајќи на оваа тема, т.е тестирајќи ги класичните пневматици на електричните возила и откриено е дека тие се трошат 30% побрзо. Причините за тоа се во дополнителната тежина на овие возила, но и поголемото забрзување.
Новите пневматици ќе овозможат поголема контактна површина со подлогата и поголема стабилност на возилото, но истовремено и подобра аеродинамика, со што потрошувачката на енергија ќе биде намалена. Goodyear исто така работи на на проект за паметни пневматици кои можат да ја мерат температурата, притисокот и истрошеноста во реално време.