Нов систем на вештачка интелегенција, развиен од компанијата „Афектива“, ќе ги набљудува возачите за време на патување и ќе презема мерки, ако поради некоја причина тие не можат да ја задржат концентрација зад воланот.
Системот наречен Automotiv VI, разбира кога внимавате, a кога не и така потенцијално може да спаси многу човечки животи од инциденти кои вклучуваат уморни и дефокусирани возачи.
Според „Афектива“, ова е првиот систем вграден директно во автомобилот. Automotiv VI може да препознае различни емоции и изрази од базата на податоци од над 6 милиони човечки ликови.
На пример, ако спиете за време на возењето, системот ќе препознае. Исто така, ако го погледнете екрaнот на паметниот телефон. Она што следи е акустичен сигнал, кој го потсетува возачот дека ја губи концентрацијата.
Automotiv VI може дури и да ги проучи патниците за дополнителни алармни сигнали. Вештачката интелигенција ќе биде достапна за производителите на стандардни автомобили, како систем за откривање и алармирање.
Пронајдокот на „Афектива“ всушност има потенцијал да ја промени барем малку тажната статистика, според која над еден милион луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи.
Поврзани артикли