Mercedes практично ја „освежи“ целата гама на автомобили кога станува збор за моделот “C-Class”.
Откако на Саемот за автомобили во Женева, Mercedes ја претстави освежената седан верзија на моделот “C-Class”, германскиот производител во Њујорк ја претстави и кабриолет верзијата, вклучувајќи го и моќниот C43 AMG.
Сите освежени модели сега пристигнуваат со LED светла, имаат екран на инфотејнмент системот со големина од 10,25 инчи и интеграција со паметен телефон.
Купе и кабрио верзијата на освежениот “C-Class” на Mercedes користат 2.0 турбо мотор кој што развива 255 коњски сили (190 kWh), односно 14 коњски сили повеќе од претходната верзија, а купето со тој мотор од 0 до 100 километри на час ќе забрза за помалку од шест секунди.
C43 AMG моделот пак пристигнува со битурбо 3.0 V6 мотор кој што има 385 коњски сили, односно 23 коњски сили повеќе од претходната верзија. Исто така, има 9-степенски автоматски менувач и погон на сите четири тркала.