Сопственикот и основач на Twitter, Џек Дорси, смета дека за десетина години во светот ќе има само една валута која ќе биде прифатена како најмоќна и со која ќе се служат сите луѓе, најверојатно преку интернет.
Во интервјуто за Times, Дорси вели дека е под претпоставка дека некој вид на криптовалута, веројатно биткоин, ќе завладее со светот во наредната деценија.
„Во светот ќе владее само една валута, интернетот ќе има само една валута. Лично сметам дека тоа ќе биде Bitcoin. Тоа би можело да се случи за некои 10 години, но не ја исклучувам можноста тоа да се случи порано“, изјави Џек Дорси.
Џек Дорси во последните неколку години инвестираше во неколку компании кои се пријателски настроени према криптовалути, како што е Square, платформа која овозможува плаќање преку телефон. Исто така, неодамна тој купи акции од Lightning Network, компанија која работи на забрзување на процесот на трансфер на биткоин, како и отстранување на проблеми со овие трансакции.
„Во моментов биткоин нема стабилност ниту можности како што имаат другите валути. Но, постојат нови технологии кои од биткоин можат да направат стабилна и почитувана валута, па со тоа таа ќе стане подостапна за сите“, додаде Дорси.
Wall Street Journal неодамна напиша дека според истражувањата на Huawei и Oxford Economics, дигиталната економија до 2025 година ќе има вредност од преку 23 трилиони американски долари. Ова претставува тешко достижна вредност, ако се земе во предвид моменталниот пораст на криптовалутите, но ништо не може да биде исфрлено од равенката, бидејќи се очекуваат повторно месеци како декември 2017, во кој биткоин (па и останатите криптовалути) ја зголемија вредноста за преку 300%.
Поврзани артикли