Истражување на Универзитетот Стенфорд и Психометричкиот институт при Универзитетот Кембриџ од 2015 година покажува како Facebook им овозможувал на компании подготвени да платат за неговите услуги масовно да ги анализираат податоците на корисниците.
Истражувањето било извршено преку апликација која ги прашувала корисниците на Facebook кои се нивните омилени бендови или пејачи. Во истражувањето биле опфатени 70.000 учесници кои доброволно кликнале на квизот на Facebook, но притоа и овозможиле на апликацијата пристап до нивните профили, како и до профилите на нивните пријатели. На тој начин, истражувачите имале преглед на тоа што учесниците во квизот објавуваат, споделуваат и „лајкуваат“.
Врз основа на собраните податоци, истражувачите извлекле заклучок дека, на пример, ако сте љубител на бендот „Смитс“, многу е веројатно да сте невротични, а доколку пак сте фан на Бјорк или Том Вајтс, вие сте луѓе отворени за нова искуства.
Ова истражување не било искористено за политички цели, но покажува како разни организации лесно можеле да дојдат до податоците на големи групи корисници на Facebook, кои веројатно не ни знаеле што се од нивните податоци Фејсбук споделува со други организации. Facebook има долг историјат на давање податоци од своите корисници на политички организации. Во последниот скандал, компанијата Кембриџ аналитика, која работела за кампањите на Тед Круз и Доналд Трамп, добила пристап до податоците од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук и креирала сопствен модел за политички кампањи.
Поврзани артикли