Компанијата Apple успеа да постигне сериозна редукција на трошоците за производство на наследникот на iPhone X, кој ќе се појави во текот на есента. Според аналитичарот на DigiTimes, Лук Лин, податоци од снабдувачите покажуваат дека цената на содржаните материјали ќе биде намалена за над 10 проценти во однос на сегашниот модел. Како што е познато компонентите на актуелниот iPhone X ја чинат компанијата од Купертино над 400 долари.
Во исто време, слабата побарувачка на iPhone X и намалените нарачки кон Samsung го ставаат Apple во неповолна ситуација при преговорите за дисплеите на следните модели. Сепак, од компанијата на Тим Кук успеале да постигнат принципиелен договор со Samsung Display, која гарантира дека нема да има зголемување на актуелните цени.
Според Лин, 5,85-инчниот iPhone со OLED екран може да се покаже како најевтиниот од трите модели, бидејќи се користат компоненти со пониски спецификации отколку кај 6,1-инчниот телефон со LCD панел. Аналитичарот на DigiTimes ја наведува конкретно меморијата и употребатата на LPDDR.