Компанијата IBM, на конференцијата IBM Think 2018 која се одржа оваа недела, го претстави најмалиот компјутер на светот.
Тој има процесор со слична сила како и компјутерите од деведесеттите години на минатиот век и е наменет за следење на испорака на роба, детектирање на кражби, измами и извршување на единствени задачи, како што е сортирање на податоците кои ќе ги добие.
Се состои од неколку стотици транзистори, кои му овозможуваат да ги следи, анализира и да реагира на податоците.
IBM's 'Five-for-Five' report reveals new and amazing technological developments that will impose major real-life impact for the next half decadehttps://t.co/bnMyMeTB51 pic.twitter.com/Eze65VM9bA
— Forbes (@Forbes) March 19, 2018
Можеби една од најинтересните работи во врска со овој производ на компанијата IBM, е фактот дека неговото производство чини до 10 центи по парче.
Според тврдењата на функционери на оваа компанија, за нив ова е само почеток, бидејќи слични компјутери ќе станат дел од уредите и системите во иднина.
Експерти од IBM моментално тестираат прототип, па се уште не е познато кога овој уред ќе се најде во масовна употреба.