Американскиот технолошки гигант Apple ќе развива и произведува дисплеи за своите уреди за прв пат во својата историја, користејќи тајна фабрика лоцирана во близина на седиштето во Калифорнија. Во неа, Apple создава мал број на екрани за тестирање, според извори познати од „Bloomberg“.
Компанијата значително ќе инвестиира во развојот на следните генерации MicroLED екрани, објавија извори кои сакаат да останат анонимни. MicroLED екраните користат различни компоненти што емитуваат светлина од постојните OLED дисплеи и ветуваат дека идните уреди ќе бидат помали, посветли и помалку енергетски ефикасни.
Овие екрани се многу полесни за производство од OLED дисплеите, а компанијата речиси го прекина проектот пред околу една година, додаваат извори. Оттогаш технологијата е во напредна фаза на развој, иако корисниците најверојатно ќе мора да почекаат години пред да ги видат резултатите.
Слично на OLED панелите, користени во Apple Watch и во iPhone X, MicroLED дисплеите не бараат позадинско осветлување, па овозможуваат подобар контраст при помала потрошувачка на енергија. Главниот проблем со процесот е тоа што е многу бавен, бидејќи панелот буквално поставува пиксел по пиксел. Samsung, на пример, планира да го објави својот модуларен телевизор The Wall со MicroLED дисплеј во август.
Ако има контрола врз MicroLED технологијата, Apple ќе може на растечкиот пазар на смартфони да ги престигне конкурентите како Samsung кои имаат супериорност во однос на екраните.
Реј Сонера, кој ја води компанијата за екрани DisplayMate Technologies вели дека овој потег е „златна можност“ за Applе. „Секој може да купи OLED или LCD екран“, коментира тој. Но, Apple може да поседува MicroLED екрани.