Ова е најскапиот SUV автомобил во светот!

Во Пекинг е создаден автомобил кој повеќе наликува на транспортно средство од филмовите за Бетмен, отколку на нормален SUV. Станува збор не само за ремек-дело испирирано од графиките на познатите видео-игри, туку и за автомобил кој важи за моментно најскапиот SUV во светот.

На новото „милениче“ работеа тим од многу професионалци во оваа област, а пазарната цена на моделот ќе изнесува 1,8 милиони долари. За производство на еден модел биле ангажирани околу 1800 луѓе, а нивната работа очигледно даде резултат, затоа што дел од најбогатите луѓе на планетава се заинтересирале да инвестираат во еден примерок од овој SUV.

Автомобилот е опремен со V8 6.8L мотор со 360 КС. Има 6-брзински автоматски менувач. Тежината на моделот отпорен на куршуми е околу 6000 килограми. Компанијата планира да произведе само 10 вакви автомобили, а за првите 7 веќе има и преднарачки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + 8 =