Жена од Кина добила згрутчување на крвта опасно по живот, откако го држела својот мобилен телефон во раце повеќе од 20 часа. Четириесет и едногодишната жена поминала три часа на операција за време на која лекарите успеале да ѝ го спасат живот.
Таа го држела телефон во раце за време на подолго патување со воз, а кога го напуштила возот, едвај можела да зборува и да ги движи прстите. Лекарите потвридле дека доколку не била брзо оперирана, ќе го загубела животот.