Зрачењето на Марс е многу поопасно отколку што претходно се мислеше. Научниците на Универзитетот во Њу Хемпшир во САД, успеале да ги анализираат податоците на специјалниот CRaTER уред, кој е поставен на Lunar Reconnaissance Orbiter и одшле до заклучок дека штетните ефекти на космичките зраци, како и сончевото зрачење се 30% поголеми од првичните претпоставки.
Според експертите, се покажало дека дозата на радијациско зрачење за време на летот до Марс е зголемена за 30%, во споредба со претходните студии. Причината е намалувањето на соларната активност, поради што сончевиот ветер не ги растерува опасните космички зраци.
Во исто време, за време на идното меѓупланетарното патување, заканата за животот на астронаутите станува екстремно голема. Надвор од Сончевиот систем, зрачењето станува уште поинтензивно и веројатно не може да се преживее во услови кои сега му се познати на човекот како опции за вселенски летови.