Essential Phone имаше телефон со екран „од раб до раб“ и засек на горниот дел од екранот и пред на пазарот да се појави iPhone X, но тој засек беше помал во однос на тој кој што го поседува паметниот телефон на Apple.
Сепак, од Essential Phone сега имаат намера целосно да го отстранат тоа и целата предна површина од телефонот да ја „прекријат“ со екран. Овие информации се појавија откако на интернет беше објавен патентот со кој што од Essential се обидуваат да ја сместат камерата под екранот.
Идејата е едноставна, затоа што LCD екранот може да се направи од елементи кои што се провидни, така што камерата ќе може да се стави под провидниот дел од екранот, а паметниот телефон ќе го деактивира тој дел од екранот во моментот на правењето на фотографијата.
Другиот пристап е целиот екран да биде полупровиден, а третиот е снимањето на светлината обоена поради филтерот за бои на LCD екранот подоцна софтверски да биде поправена, за предната камера да може да направи што е можно пореална фотографија.
Досега видовме неколку решенија кога станува збор за предната „селфи“ камера. Xiaomi ја постави на долниот дел од својот Mi Mix 2 паметен телефон, Vivo има камера која што се извлекува и вовлекува од концептниот телефон Apex, но сепак, решението на Essential може да се каже дека е „најелегантно“ досега.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли