Темата за лажните вести и нивната дистрибуција на Интернет стана особено популарна во последниве неколку години. Често за големото изобилство на лажни вести на Интернет како виновници се посочуваат ботовите кои објавуваат и споделуваат лажни вести на социјалните мрежи.
Истражување на МИТ (MIT), сепак наведува дека луѓето се главната причина за популарноста на лажните вести. Научниците анализирале 4,5 милиони твитови на Twitter во периодот од 2006 година до 2017 година. Резултатите покажуваат дека неточните вести секогаш се шират доста побрзо и меѓу повеќе луѓе. Покрај тоа, постои индикација дека луѓето почесто ги споделуваат лажните, од реалните вести.
Анализата покажува дека дискусиите околу лажните вести често почнуваат од помалку број твитови-извори, но потоа регрутираат многу поголема популарност и често се “ретвитувани” десетици илјади пати. За разлика од нив точните вести никогаш не достигнуваат повеќе од 1600 луѓе од извор на твит.
Анализата на научниците, исто така, покажува тенденција на потрошувачите да ги споделуваат лажни вести, многу повеќе отколку вистинските. Во просек, една лажна вест има 70% поголема веројатност да биде споделена на Facebook отколку некоја вистинска вест.