Американската вселенска агенција NASA соопшти дека кон Земјата се движи соларна бура предизвикана од експлозија во атмосферата на Сонцето.
Бурата денеска се очекува да ја погоди Земјата и може да предизвика проблеми во работата на сателитите, снабдувањето со електрична енергија и авионските рути, објави британскиот магазин Mirror.
Се очекува соларната бура да предизвика појава на фантастични глетки на поларна светлина што ќе може да ги видат жителите на Шкотска, северниот дел на Англија и северните делови на САД. Соларната бура се создаде минатата недела по силна експлозија во атмосферата на Сонцето што испушти два „факли“ што се движат низ вселената и се упатени кон Земјата.
Оваа бура се поклопува со формирањето на пукнатини во магнетното поле на Земјата кои се создаваат за време на рамноденицата на 20 март и на 23 септември секоја година. Тие пукнатини ја ослабуваат природната заштита на нашата планета од честички што може да предизвикаат проблеми кај уредите, како GPS системите за навигација и радиосигналите.
A G1 Watch is in effect for the 14 & 15 March, 2018 UTC-days. Enhancements in the solar wind due to the anticipated effects of a coronal hole high speed stream (CH HSS) are expected to cause the escalated geomagnetic responses. Visit https://t.co/dimAHi8BFd for the latest info. pic.twitter.com/doJIzMWaGe
— NOAA Space Weather (@NWSSWPC) March 12, 2018
NASA планира во текот на летово да го лансира леталото „Parker Solar Probe“ што е планирано да се приближи што е можно поблиску до Сонцето, со цел да ја истражи неговата атмосфера и експлозиите што се случуваат на неговата површина и што создаваат соларни бури.
Извор: B92.net