Google продолужува со подобрување на својот дигитален асистент, додавајќи му нови функции и подобрувања, со цел на корисниците да им понуди подобро искуство при работата.
Новата функција за Action, која сега се нарекува Custom Device Actions, на производителите ќе им овозможи да додадат функционалности за Assistant кои се специфични за нивните уреди.
Google, исто така, објави дека корисниците наскоро ќе може да се претплатат за омилените Actions настани, што ќе им овозможи да примаат информации за кои се заинтересирани.
Actions сега ќе поддржува репродукција на музика и видео содржини на звучниците и Android телефоните.
Тоа значи дека корисниците на Google Assistant ќе имаа поголем пристап до „аудио искуства“, кои подразбираат и релаксирачки звуци, клипови и омилени ТВ емисии и слично.
Извор: B92.net