Кинезите во Пекинг тестираа нов модел на воз кој развива брзина од 350 км/ч. За неговото движење се користи магнетна левитација.
Додека се движи, возот не ги допира шините, туку “лебди” по нив. При таквиот начин на движење не се создава триење па оттаму и големата брзина која ја развива.
Возот е долг 415 метри и влече 16 вагони, што е двапати повеќе од последниот модел. Возот во целост е дизајниран и изграден во Кина, а тестираниот модел ќе може да превезува до 1100 патници одеднаш.
Агенцијата “Xinhua” пренесува дека овој воз им пружа на патниците повеќе простор од неговиот претходник. Патувањето во возот е удобно, а истовремено тој троши помалку енергија.
По извршените тестирања, овој воз ќе добие дозвола за услуги на патнички превоз. Веќе е познато дека оддалеченоста од 30 километри ја поминува за пет до шест минути.
Кина има најразвиена железничка мрежа бидејќи третина од пругите поддржуваат возови кои развиваат брзина над 350 км/ч.
New longer Fuxing bullet train being tested
A new, longer Fuxing high-speed train is being tested in Beijing. #HighSpeedRailway
Posted by China Xinhua News on Сабота, 10 март 2018