Бесконтактното плаќање билети во јавниот превоз вообичаено се базира на електронски картички кои одвреме навреме треба да се дополнат со средства кои се одбиваат при секое купување билет. Но, Visa ја разви својата програма Visa Ready for Transit, која на компаниите за јавен превоз им овозможува да наплаќаат директно од Visa картички или бесконтактно од паметен телефон.
Како што велат од Visа, програмата е наменета за компании чии технолошки решенија го забрзуваат воведувањето на едноставно и ефикасно бесконтактно плаќање на градскиот превоз и така истовремено ја поттикнуваат имплементацијата на бесконтактното плаќање во јавниот превоз на глобално ниво.
Транзитните компании од целиот свет сакаат да дознаат како новите иновации во плаќањето можат да го подобрат искуството на корисниците на нивните услуги. Од лансирањето на програмата досега Visa почна соработка со 16 врвни технолошки партнери – од мали технолошки компании до мултинационални организации. Секој од тие партнери има можност да ја прошири технологијата на Visa за дигитално плаќање во разни компании од целиот свет.
Во рамките на Visa Ready for Transit компанијата договори соработка со 14 нови технолошки компании од 10 земји кои произведуваат софтвер или хардвер потребен со цел на патниците да им се олесни користењето на јавниот превоз. Visa Ready for Transit е дел од програмата Visa Ready, која помага во ширењето и освојувањето на новите технологии. Програмата им овозможува на развојните инженери да бидат сигурни дека нивното решение ги задоволува стандардите и спецификации на Visа.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли