Од корејското издание ET News доаѓаат интересни информации за идните планови на Apple. Според нив, американската компанија одлучила во 2019 година да го отстрани исечениот дел од дисплејот на новите модели на iPhone. Ова ќе биде нов начин на диференцијација од другите производители кои во меѓувреме почнаа да го прифаќаат ова контроверзно дизајнерско решение.
Во соопштението се наведува дека Apple ќе избере OLED дисплеи, но засега нема повеќе детали во однос на големината, резолуцијата и формата.
Во исто време, не станува јасно каде ќе бидат поставени сензорите за системот Face ID, кои сега се наоѓаат во исечениот дел на екранот на iPhone X, ако компанијата се потпре на дизајн со дисплеј на целата предница.
Според претпоставките, Apple може да ги „пробие“ дупките во OLED панелот или да додаде Black Matrix зона.
ETNews пишува дека оваа година Apple ќе понуди два модели iPhone со OLED дисплеи со дијагонала 5,85 и 6,46-инчи и еден со 6,04-инчи LCD панел. Сите три ќе имаат функција за идентификација на лицето и ќе имаат уште помали рамки околу екранот, а исто така се вели дека исечениот дел ќе биде помал.