Теоретскиот физичар Мичио Каку го споделил своето мислење со гледачите на YouTube каналот “Big Think”.
“Да речеме дека одите во шума и забележувате животни, елени и верверички. Вие поминувате некое време во нивно друштво, но набрзо тоа ви станува здодевно бидејќи не можете да ги споделите своите идеи со нив. Животните не ве разбираат”, вели Каку.
“Сметам дека од истата причина вонземјаните нема да бидат заинтересирани за нас – немаме што да им понудиме”, објаснува тој.
Со оглед на тоа што другите цивилизации во универзумот може технолошки да бидат илјадници или милиони години пред нас, многу научници сметаат дека воопшто не би требало да остварат контакт со нив бидејќи тие би можеле да бидат опасни.
“Претпоставувам дека поголемиот дел од нив би биле мирољубиви, бидејќи не претставуваме никаква закана за нив. Сепак, во прашање е ризик кои не смееме да си го дозволиме бидејќи немаме никакви шанси против нив”, вели научникот.
“Затоа лично сметам дека не би требало да се трудиме да им го привлекуваме вниманието на вонземјаните бидејќи не знаеме какви се нивните намери”, додава тој.
Второто прашање кое се поставува е што ќе се случи доколку вонземјаните навистина се злобни.
“Сметам дека главниот проблем за елените не се ловците, туку личноста која ќе дојде и ќе ја исече шумата, или можеби ќе го уништи целиот екосистем. Со други зборови, вонземјаните не мора да бидат злобни за да нè повредат. Можеби им е сеедно, и едноставно би нè прегазиле на својот пат”, заклучува Каку.