И покрај тоа што iPhone X беше најмногу испорачуван смартфон за време на новогодишните и божикните празници, тој уред не ги исполни очекувањата во целост.
Слабата заинтересираност се прошири и меѓу потрошувачите на производи на Apple, кои се уште го немаат купено новиот телефон. Ново истражување претпоставува во што би можел да биде проблемот.
Аналитичарот во компанијата „Piper Jaffray“ Мајкл Олсон, направил анкета на 1.500 сопственици на iPhone, во која го поставува прашањето зошто го немаат купено моделот iPhone X. Речиси половина од нив (44 отсто) го избрале одговорот: „Поради тоа што мојот iPhone добро работи“.
Тоа упатува на фактот дека флегшип телефонот на Apple не нуди доволно нови и интересни опции, со кои би можел да ја оправда својата висока цена.
Цената од 999 долари е втора најчеста причина поради која сопственици на iPhone не се одлучуваат да го купат моделот iPhone X, а ваков одговор одбрале 31 отсто од анкетираните.
Додека 17 отсто од корисниците не определиле точна причина зошто не сакаат да го купат iPhone X, осум проценти од нив истакнале дека предност им даваат на уредите со екран чија дијагонала е поголема од 5,8 инчи, колку што има iPhone X.
Нормално дека 1.500 испитаници не можат да зборуваат во името на сите корисници на iPhone, но и покрај тоа се чини дека Apple ги слуша критиките од корисниците и се надеваат дека нешто од тоа ќе внесат во новата верзија за оваа година.
Извор: B92.net