Лабораторијата за напредна енергија и материјали во рамките на новозеландскиот Универзитет во Кентербери спроведува истражувања преку кои цели да создаде смеса што ќе овозможи самостојно чистење, односно уништување на бактериите кога се изложени на светлина.
Смесата е направена од нетоксична фотокатализаторска керамика, која произведува кислородни радикали на површините обложени со неа. Таа исто така ќе ги согорува микробите на површината направени при контакт со валкани раце или од патогени бактерии во воздухот.
„Инфекциите што се јавуваат во болниците имаат влијание врз болните и здравите луѓе и најчесто се пренесуваат преку случаен трансфер, а поретко со прекршување некои од правилата и протоколите за хигиена“, вели таа.
Истражувачите велат дека технологијата за изработка на смесата Универзитетот ја развивал во последните 10 години, а таа би можела да влезе во производство до 2020 година или порано.