Со анализата на APK фајлот на Instagram за Android, откриено е дека во кодот има скриен Potrait Mode за камерата.
APK фајлот содржи икона за Potrait Mode на камерата кој ќе биде вметнат во апликацијата наскоро и ќе им се придружи на останатите „модови“ како што се на пример Boomerang и Superzoom.
APK фајлот го содржи целиот код на апликацијата, вклучувајќи ги новите делови поврзани со новите можности кои што активно се развиваат, но се уште не се активирани.
Potrait Mode на Instagram би требало да им овозможи на корисниците да се прават фотографии со заматена позадина, односно да се овозможи правење на таканаречениот Bokeh ефект со различни опции на осветлување. За да се активира модот, корисникот најверојатно ќе треба да ја стартува камерата во апликацијата и да го избере соодветниот мод.
Телефоните како што се iPhone X и Google Pixel 2 веќе имаат Potrait Mode, па така со овој потег на Instagram, и на останатите корисници ќе им биде овозможено да прават такви фотографии.
Според аналитичарите, доколку Instagram навистина го активира овој мод, дефинитивно ќе стане поатрактивна апликација од Snapchat, посебно кај оние корисници кои што најмногу ги интересираат добрите фотографии.
Засега нема информации кога корисниците на Instagram ќе ја добијат оваа функција.
Извор: Klix.ba