Двегодишно дете од Шангај го заклучи смартфонот iPhone на мајка си на 25 милиони минути откако упорно се обидувало да внесе погрешна лозинка.
Жената вели дека му дозволувала на синот да го користи телефонот за да гледа „едукативни видеа“. Сепак, детето повеќе пати се обидело да внесе погрешна лозинка и го заклучи телефонот на 48 години, објави „South China Morning Post“.
Кинески техничар вели дека имал ситуации во кои корисниците по грешка си ги заклучувале телефоните и на 80 години. Теоретки, и вам може да ви се случи да ви се заклучи телефонот на долго време ако некој друг погрешно ја внесе лозинката повеќе пати.
Безбедносниот систем на Apple го заклучува уредот на некое време ако некој внесе погрешна лозинка, а тоа време се продолжува со секој следен неуспешен обид да ја внесете лозинката.
Сепак, заклучувањето на телефонот не е целосна катастрофа бидејќи постои опција за бришење на податоците во телефонот и враќање на фабричките нагодувања.
Ако вашиот iPhone има бекап, штетата ќе биде минимална.
Извор: B92.net
Поврзани артикли