Познатиот моден бренд направи неколку нови лого симболи со цел да го насочи вниманието кон загрозените животински видови.
Откако се потврди дека американската пума е истребена, светот сфати со која брзина исчезнуваат преубавите животински видови за кои учевме на училиште. Затоа, брендот Lacoste одлучи да го насочи вниманието кон другите загрозени животни и направи нешто што ги шокираше сите љубители на модата.
Секој симбол претставува различно животно, па така наместо веќе добро познатиот алигатор, може да се видат животни како желката од Бурма, јавански носорог, северен лемур, калифорниски кондор, какапу папагал, вакита, анегада игуана, каовит гибон, саола и тигарот од Суматра.
Ова е одличен начин луѓето да дознаат во колкава мера постојат животински видови кои се загрозени и кои веројатно ќе исчезнат доколку загадувањето на животната средина продолжи да се одвива по ова темпо.