Експертите од Tech Radar составија список на најдобрите бесплатни антивирус софтвери за Windows. Инсталирањето на добар антивирусен пакет нуди одлична заштита за вашиот компјутер, но исто така, добро е да инсталирате и дополнителен анти-малициозен софтвер за да ја зголемите заштитата од разновидна група на закани. За што и да се одлучите, од Tech Radar во прв ред го препорачуваат „BitDefender Antivirus Free Edition“, како моментно најдобар анти-малициозен софтвер за вашиот компјутер. Софтверот бара апликации кои се однесуваат лошо; ја скенира врската за да идентификува проблематични делови; активно скенира за малициозни софтвери и шпионски софтвери и може да открие закани кои никој досега не ги видел; скенирањето можете да го извршите секогаш кога ќе го стартувате компјутерот. Овој сеопфатен пакет на алатки за безбедност за вашиот компјутер го прави BitDefender најдобриот бесплатен анти-малициозен софтвер за преземање.
На второто место на оваа листа се најде AVG AntiVirus Free. Ако барате анти-малициозен софтвер што е го заборавите веднаш штом го инсталирате, тогаш AVG AntiVirus Free не е за вас. AVG Antivirus Free често ќе ви пречи со известувања и поп-ап прозорци кои ви кажуваат дека сте направиле нешто фантастично за вашата онлајн безбедност.