Фотографијата е снимена од сателитот Aqua на НАСА, кој во јануари годинава леташе над Португалија. На сликата се гледа тенок слој од облаци над брилијантното синило на Северниот Атлантик, кое е прошарано со бели линии од погусти облаци кои изгледаат како лузни или исекотини.
Тие лузни, тие погусти облаци, објаснуваат од НАСА, се знак и резултат од бродскиот сообраќај кој се одвива под нив. Кога бродовите се движат по океанот, испуштаат гасови во атмосферата исто како и автомобилите. Тие масивни издувни гасови можат да „посеат“, т.е. формираат облаци од водена пареа.
Тоа е зашто честиците од загадувањето, особено сулфатите, се раствораат во вода, па водените капки се закачуваат за нив, објаснуваат од НАСА. Соберете доволно такви честици на едно место, како што е случај при издувот на бродовите, и можете да формирате цел нов облак видлив дури и од вселената.
Некои од „лузните“ од облаци се протегаат и до стотици километри. Научниците од НАСА претпоставуваат дека и овој вид облаци имаат некаков ефект врз глобалната клима, но со оглед на тоа дека имаат конкуренција и од низа други загадувачи, тешко е да се одреди што конкретно е тој ефект