Постојат апарати кои и кога ќе ги исклучите, сепак трошат електрична енергија. Научниците детектирале кои се тие уреди што најскапо ве чинат, и покрај тоа што сте го стиснале копчето за исклучување.
Ако може да му се верува на сајтот Bright Sige, нашите куќни уреди, мобилни уреди и електрониката имаат „таен“ живот, кој продолжува и кога ќе ги исклучиме, односно изгасиме, како што многумина сакаат да кажат.
Овој таен живот, како што тврдат, е одговорен за потрошувачката на струја која на некој може да му изгледа занемарлива, но сепак е потрошена струја. Еве пет уреди кои најчесто ги оставаме вклучени и кога мислиме дека повеќе не работат:
Полнач без мобилен телефон – 1,2 вати дневно
По навика, овие уреди не ги исклучуваме од струја. Тие преку ноќ продолжуваат да работат приклучени на струја, иако никој не ги користи. Исклучете ги од штекер и можете да заштедите 5.515 денари годишно.
Телевизор – 24 вати дневно
Ако го притиснете копчето на телевизорот, ќе го ставите во стенд бај, но нема да го исклучите. На тој начин ќе потрошите струја во вредност од 1.380 денари на годишно ниво.
Дали ќе ги исклучувате уредите од штекер зависи само од вас, но да ве предупредиме дека секој непредвиден проток на струја ќе ве остави со помалку пари во семејниот буџет и со куќа полна со изгорени уреди.