Twitter ја воведе новата опција Bookmarks, едноставен начин да ги зачувате твитовите на кои сакате повторно да се навратите. Но тоа не сè.
Новото ажурирање на Twitter го прави споделувањето неверојатно брзо. Секој твит ќе има своја икона за споделување со чија помош ќе можете да го обележите твитот, да го испратите во директна порака или да го споделите на некој друг начин.
За да го зачувате твитот, потребно е да кликнете на иконата за споделување што се наоѓа под твитот и да изберете „Add Tweet to bookmarks“. За подоцна да го најдете, кликнете на Bookmarks на вашиот профил. Зачуваните твитови можете да ги бришете и додавате во секој момент.
Опцијата за зачувување на твитовите ќе биде достапна за iOS и Android, Twitter Lite и Mobile Twitter.