Изненадувачки, од Qualcomm објавија нов чип за време на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. Snapdragon 700 ќе биде позициониран под средната класа смартфони, но ќе нуди функции како за предводник.
Од компанијата соопштија дека дел од функциите на сериите Snapdragon 800 ќе бидат достапни и во евтиниот Snapdragon 700, а една од нив ќе биде два пати побрзп извршување на операции поврзани со вештачки интелект (AI).
Новата платформа ќе поддржува Qualcomm Spectra ISP кој одговара за квалитетот на фотографиите кај голем дел од предводниците во моментов, како и за снимање на видеа во „слоу моушн“ и HDR.
Покрај големите можности, Snapdragon 700 ќе биде и подобро оптимизиран за работа, а се очекува да биде до 30% поекономичен при користењето на батеријата на смартфонот. Тој ќе го поддржува и „Квик чарџ 4+“ стандардот кој овозможува да го наполните уредот до 50% за само 15 минути. Комуникациските модули како LTE, WiFi и Bluetooth 5 исто така ќе бидат поддржани.
Од Qulcomm објавија дека новата платформа веќе се тестира од некои клиенти на компанијата и ќе влезе во продажба во првата половина на годината. Допрва очекуваме повеќе информации за перформансите на системот, но сигурно е дека тој ќе ја направи средната класа уреди доста помоќна.