Повеќе од две камери е се почест пример меѓу евтините модели на паметни телефон. Но, смартфоните со четири камери се уште поретка појава, дури и меѓу врвните модели, а камоли во евтиниот сегмент.
Дали ова ќе се промени? Одговорот веројатно е потврден, а во прилог натоа е „Blu Vivo X“, уред кој деновиве може да се купи на „Amazon“ по намалена цена од 249 долари.
Станува збор за смартфон опремен со две предни (20 и 8 мегапиксели) и две задни камери (13 и 5 мегапиксели), екран со дијагонала од шест инчи со размер 18:9 и резолуција 1.440 пати 720 пиксели, прекриен со заштитно стакло „Gorilla“.
Уредот доаѓа со осумјадрен процесор „MediaTek Helio“ со работен такт од 2,6 GHz, 4 GB RAM и 64 GB меморија, како и батерија со капацитет од 4.010 mAh која поддржува брзо полнење.
Тука е и читачот за отпечаток на прстот, технологијата за препознавање на лицето, слот за „microSD“ картичка, како и „Android Nougat 7.0“.
Уредот пристигнува во само една боја – црна.