На овогодишниот саем за автомобили во Женева, кој ќе се одржи од 8 до 18 март, Peugeot ќе претстави два нови модела, односно новиот „Peugeot 508“ и концептот „Peugeot Rifter“.

Покрај тоа, Peugeot на саемот во Женева ќе ја претстави сосема новата скулптура на лав со импресивни димензии која е дизајнирана од Peugeot Design Lab.

Оваа скулптура со себе носи цврсто впишана ДНК на брендот и ја олицетворува гордоста на целиот бренд, односно гордоста поради тоа што Peugeot го зголеми нивото на квалитет за да понуди квалитет без компромис.

„Дизајнерите создадоа иконичен, безвременски дизајн кај овој монументален лав, со јасни и извајани површини. Неговите спектакуларни димензии го нагласуваат моќниот и непоколеблив карактер на брендот. Позицијата на држење, стоејќи исправено и решително посегнувајќи нанапред но без агресија, пренесува ведрина и доверба во иднината“, изјави Жил Видал, одговорниот и главен раководител за дизајн на Peugeot.