Погледнете кои сите апликации веднаш би требало да ги инсталирате на својот телефон.
Google, Facebook и другите големи играчи конечно почнаа сериозно да ги сфаќаат лајт апликациите и сега и самите ги нудат овие верзии кои се полесни за користење, помалку му штетат на телефонот и ги содржат сите функции на кои сте навикнати.
Погледнете кои сите апликации веднаш би требало да ги инсталирате на својот телефон:
Апликацијата на Facebook е позната по нејзината бавност и редовните ажурирања од 50 мегабајти. Од друга страна, лајт верзијата е побрза и полесна за користење.
Оваа апликација ги поседува сите функции кои ви требаат, и тоа за помалку од 2 мегабајти.
Менаџерот на Facebook Messenger неодамна признал дека апликацијата станала вистински неред.
Но за среќа можете да ја набавите лајт верзијата од оваа апликација која е помала од 10MB, побрза е од онаа која сега ја користите и има идентични функции – па дури и некои дополнителни работи.
Стандардната YouTube апликација е сосема во ред, но троши премногу интернет – затоа на сцена настапува YouTube Go.
Оваа апликација е моментално достапна во одредени земји, а истата ви дозволува да гледате видео или да го гледате следниот пат кога ќе се поврзете со интернет. Исто така, можете да видите и трејлер за некое видео со цел да ги заштедите своите мегабајти.
Самото листање на Twitter може да ви потроши многу мегабајти интернет. Тоа е затоа што апликацијата вчитува сè од секој твит кој ќе го поминете.
Twitter Lite е малку “понежен” со вашиот интернет и го вчитува само она што ве интересира. Големината на оваа апликација е помалку од 3MB.