Технологијата сè повеќе навлегува во нашиот секојдневен живот. Паметните звучници и „гласовни асистенти“ ни овозможуваат непречена интеракција како во домовите така и на работните места. Паметните телефони стануваат вообичаени „алатки“ кои ни помагаат при купувањето. Дигиталните платформи сè почесто ги заменуваат телевизорите.
Речиси секоја индустриска гранка во последните 10 години е променета со дигитални технологии. Се очекува дека во 2018 година ќе има уште повеќе такви настани кои ќе влијаат врз нашето работење, нашите кариери и животи.
Како што предвидува „Бизнис инсајдер“, ова се некои од работите што ќе се случат во 2018 година:
- Криптовалутите ќе бидат пошироко прифатени.
- „Гугл“ и „Епл“ ќе го загрозат „Амазон“ на пазарот на паметни звучници.
- Големо враќање на виртуелната реалност на пазарот.
- Ќе има навалa за автономни автомобили.
- Контролата врз дроновите ќе попушти.
- „Алибаба“ ќе доживее меѓународна експанзија.
- Генерацијата „З“ ќе стане главна целна група за медиумските компании и огласувачи.
- Безбедноста при плаќањата ќе биде од најголема важност.
- Паметните куќни апарати ќе почнат масовно да се продаваат.
Извор: Business Insider, BIZLife.rs