Само неколку дена пред настанот Unpacked 2018 во Барселона, на кој се очекува да биде претставен новиот флегшип модел на компанијата, Galaxy S9, на интернет се појавија серија снимки, заедно со карактеристиките кои ги откриваат сите детали.
На ексклузивниот настан на 25 февруари (недела) ќе биде присутен претставник од нашиот портал USB.mk, па сите информации навремено ќе можете да ги дознаете од лице место на претставувањето. По завршувањето на настанот ќе бидете во можност да ги видите првите фотографии од S9 и S9+, како и ексклузивни видеа од тоа како изгледаат и функционираат новите ударни смартфони на Samsung.
Информациите откриваат дека Galaxy S9 ќе има чип Snapdragon 845 во САД и Exynos 9810 на останатите пазари. Двата чипсети имаат осумјадрен процесор. Galaxy S9 ќе има 5,9-инчен AMOLED екран (2960 x 1440p) и 6,2-инчен дисплеј за поголемиот модел S9+.
Samsung Galaxy S9+, ecco tutte le specifiche, render e lancio poco prima del MWC 2018 https://t.co/7LL3un7eSe pic.twitter.com/axmdWDJiFw
— Mobileblogger.it (@Mobileblogger2) February 19, 2018
Се шпекулира дека Galaxy S9 ќе пристигне со задна камера од 12MP (варијабилен отвор на блендата од f/1.5 до f/2.4), додека Galaxy S9 + ќе има камера со 12 мегапиксели и f/2.4 отвор на бленда.
Кога станува збор за меморијата, помалиот модел ќе содржи 4GB, додека пак верзијата Plus ќе има 6GB RAM меморија. Двата модели добиваат 64GB простор за складирање. Тука е и поддршката за Bluetooth 5.0 и USB-C. Батериите ќе имаат капацитет од 3.000 и 3.500 mAh.
— Evan Blass (@evleaks) February 19, 2018
Поврзани артикли