Научници од универзитет во Њукасл предупредуваат дека временските услови во Европа ќе станат уште поекстремни.
Според овие информации, научници од универзитет во Њукасл прогнозираат дека во наредните децении не очекуваат голем број на жешки бранови, многу големи суши, но и големи поплави.
Со потсетување дека Париз неодамна се бореше со големите поплави, наведено е дека тоа ќе биде единствениот европски град кој ќе се најде под вода, односно се прогнозира дека дури 85 отсто од градовите во Англија до 2051 година би можеле да бидат поплавени, токму како Париз.
Поплавите би можеле да го зафатат и Лондон, но најзагрозен град во иднина, барем според овие прогнози, е Даблин.
Истовремено, како што велат научниците Атина, Рим, Прага и Стокхолм ќе се соочат со многу жешки бранови.
Сушата ќе ги погоди Лисабон и Мадрид, а целото ова би можело да се случи поради големите климатски промени.
Доколку нешто драстично не се промени, научниците тврдат дека некои европски градови би можеле да станат непрепознатливи, а поединечни делови на Европа би можеле да останат без основни услови за живот.
Научниците тврдат дека ако го намалиме ефектот на гасови на „стаклена градина“, посебно јаглен диоксид, можеме да го намалиме нивното влијание на животот во иднината, но дека секако мораме да се подготвиме за нивно влијание и да ги подготвиме градовите да бидат поотпорни на поплави и суши.
Поврзани артикли