По 23 години „одмор“ еден од најпознатите вулкани кои исфрлаат кал повторно е активен. Станува збор за вулканот познат како „Devil’s Woodyard“ во местото Хиндустан во Тринидад и Тобаго.
Познат уште од 1852 година, овој вулкан бил споредуван со демоните бидејќи се сметало дека тие излегле од земјата за да ги запоседнат шумите. Во реалноста феноменот на вулканите од кал е доста распространет во различни делови на планетата и е поврзан со зголемувањето на масите на метанот под притисок присутен во слоевите на глина. Кога гасот се меша, поради различни причини, со вода, а притисокот успева да го надмине оној на наредените слоеви на глина, се појавува ерупција, така што глината станува полутечна, доволно да се однесува како течна лава.
Во светот има стотици вулкани од кал, а некои се присутни и во Европа (на пример во Италија). Во случајот во калливиот вулкан на Тринидад и Тобаго, тој веќе еруптирал двапати на 13 февруари, па повторно се смирил. Поради страв од него, некои домови биле евакуирани.