Mногу е потешко да дознаете дали некој ве блокирал или избришал од листата на пријатели, отколку вие да избришете некого. Ако имате забележано дека некои луѓе повеќе не се појавуваат на вашиот News feed, време е да почнете подлабоко „да копате“.
Вашиот прв чекор треба да ве одведе кон проверка на Messenger. Побарајте го името на личноста на која се сомневате. Доколку ви се појави неговиот/нејзиниот профил со опцијата за допишување, тогаш не се грижете. Но, во спротивно, големи се шансите дека сте блокирани, бидејќи единствената друга опција е дека таа личност го избришала Facebook профилот.
Покрај тоа, постои и апликација преку која можете да дознаете дали некој ве избришал на Facebook. Апликацијата се вика Who Deleted Me, а откога ќе ја инсталирате внимателно го проверува вашиот список со пријатели и ве известува доколку некој недостигна од листата на пријатели.
Кога ќе се логирате на Facebook, апликацијата ги проверува вашите конекции со цел да открие дали претходниот број на пријатели се вклопува со сегашниот. Тогаш ќе бидете известени ако некој недостасува, а ќе ви соопшти и дали истиот го деактивирал својот профил или само конкретно вас ве избришал.