Скопје и Варшава од 1 јуни оваа година ќе бидат поврзани со директна авионска линија, соопштуваат од ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.
Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба.
Генералниот директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој информираше дека минатата година летовите кои беа реализирани од Катовице до Охрид, а оваа година ќе се реализираат од Варешава до Охрид покрај оној од редовната линија Варшава- Скопје.
Компанијата ЛОТ Полиш ерлајнс е трета авиокомпанија во Европа, а шеста во Светот.