Според популарниот корисник на Twitter, Еван Блас, HTC ќе објави нов модел од серијата Desire. Уредот ќе се вика Desire 12 и ќе биде евтин смартфон со дисплеј со однос 18:9.
Интересно во случајот е дека Тајванците не издале Desire од септември 2016 година и оваа производна линија замина малку во заборав.
Неодамна Блас откри дека станува збор за телефон со 5,5-инчен дисплеј и кодно име Breeze, кој ќе биде опремен со процесор на MediaTek, 2 GB RAM меморија, 16 GB меморија за апликации, камери со резолуција 13 и 5 мегапиксели, како и батерија со капацитет од 2730 mAh.
Во моментов не е јасно кога Breeze ќе биде официјално претставен, ниту пак каква ќе биде неговата продажна цена, но предвид овој хардвер, најверојатно нема да е многу висока.