Брачна двојка од Британија, Ана и Шифон Раф, одлучила да ја тужи компанијата Google и успеала да добие на суд отштета од речиси 3 милијарди долари.
Тие го тужеле Google пред Европската комисија за заштита на конкуренцијата затоа што компанијата наводно ја загрозила работата на пребарувачите што тие ги иницирале.
Имено, брачната двојка во 2005 година ги напуштила своите дополнтелни активности и ја основала интернет-страницата за пребарување Faundem, која ја осмислиле така што стигнале до некои делови на интернетот до кои „Гугл“ не можел да дојде.
Но, набргу забележале дека Google ги ставил на црната листа и дека преку овој пребарувач било невозможно идните корисници да дојдат до нивните интернет-страници.
Се жалеле на Google, но не добиле никаков одговор. Набргу биле прогласени за најголема конкуренција на Google во Велика Британија, но ниту тоа не помогнало.
По поминати години на поднесување жалби, Google ги тргнал од црната листа и веднаш посетата на интернет-страницата им скокнала речиси 10.000 пати. Но, не сакале да се задоволат со тоа.
Ја тужеле компанијата до Европската комисија и судијата Маргарет Вестаџер пресудила во нивна корист поради тоа што Google ја злоупотребил својата предност на пазарот. Поради тоа, Google морал да им исплати 2,1 милијарди фунти.