Фактот дека секоја година милиони луѓе низ целиот свет умираат поради пиењето загадена вода, ги натера австралиските научници од CSIRO да развијат нов начин за прочистување на водата. Според објавената студија, тие со помош на тенок слој графен со микроскопски нанофилтри, успеале да и овозможат на чистата вода да помине, додека штетните честички останале во „ситото“.
Процесот наречен Graphair е толку ефикасен што примероците од вода земени дури и од Сиднејскиот залив станале одлична вода за пиење по прочистувањето.
Graphair е опишан како ефтин, брз и еколошки метод, бидејќи неговата главна компонента е масло од соја. Водата со него се прочистува побрзо и подобро од кој било друг метод измислен досега.
Подобрениот процес користи топлина, графен, филтер и пумпа за вода и може да биде од голема важност за оние над 2 милиони луѓе ширум светот кои немаат пристап до чиста вода за пиење. Научниците сега се надеваат дека ќе најдат партнери за да ги зголемат тестовите на самото место во неколку земји во развој.