Компанијата Facebook соопшти дека ќе почне да користи поштенски картички со цел да ги проверува идентитетот и местото на живеење на лицата кои сакаат да ја користат нејзината социјална мрежа за реклами поврзани со американските конгресни избори.
Интересно во целиот случај е тоа што Facebook картичките ќе ги испраќа на традиционален начин преку Американската пошта.
Компанијата се реши на ваквиот потрег откако беше критикувана дека заедно со другите социјални мрежи не реагирале навремено за да ги спречат злоупотребите на нивните платформи за политички цели за време на изборите во САД во 2016 година.
Картичките што ќе бидат испраќани до огласувачите на Facebook ќе содржат специјален код кој ќе треба да се впише при секое објавување на реклама во која се споменува името на некој кандидат за федерална функција.
Компанијата не процизираше кога ќе започна оваа „операција“, но нагласи дека тоа ќе се случи пред изборите за Конгресот во ноември годинава.