Intel ќе мора да се брани против 32 тужби за напади на процесорот овозможени од слабостите Spectre и Meltdown. Додека Spectre е речиси универзален експлоит за модерните процесори, Meltdown влијае најмногу на чипови на Intel и Apple, како и некои ARM архитектури.
30 од овие случаи се колективни барања од страна на потрошувачите кои тврдат дека претрпеле штета поради слабостите. Од двата експлоити, Spectre е потежок за одбрана, додека цената при фиксовите за Meltdown е најмногу поради загубите во продуктивноста.
Останатите две дела се за тоа дека компанијата може да излегла лажни изјави за време на 6-месечниот период помеѓу откривањето на слабостите и нивно прогласување. Директорите на Intel, исто така, ќе треба да се занимаваат со инсајдерски тргувања.
Ова е случајот со извршниот директор на компанијата, Брајан Крзаниќ, кој во ноември 2017 година продаде максимален број акции што можеше.
Многу е веројатно дека ќе видиме нови случаи, признаваат од Intel.
Поврзани артикли