На авион, кој во 2001 година превезуваше 293 патници и 13 членови на екипажот, му откажаа сите мотори додека леташе над Атлантскиот океан. За време на летот истекувало горивото, а по откажувањето на првиот мотор, пилотите донеле одлука авионот принудно да слета на Азорските острови.
Сепак, набрзо после тоа откажал и вториот мотор, па авионот продолжил да едри уште 120 километри во воздухот. Екипажот, кој имал повеќе од 20 илјади часа летечко искуство успеал успешно да го приземји авионот, а овој инцидент влегол во историјата како најдолгиот авионски лет без мотори.
Пилотот Патрик Смит во својата книга „Доверливо во кокпитот“ објаснува дека без моторите, висината на авионот опаѓа за околу 1,6 километри на секои 16 километри лет.
Тоа значи дека патнички авион, кој во просек лета на 10 километри надморска висина, може да едри уште околу 100 километри пред да падне на Земјата. Сепак, брзината и аголот не се секогаш исти.
Смит наведува дека авионите едрат многу повеќе отколку што патниците претпоставуваат.