Илјадници владини веб-страници во САД, Велика Британија и Канада се под сериозна закана од хакери, кои може да ја искористат ранливоста на популарен plug-in и да добијат пристап до компјутерите на владини службеници.
Големиот сајбер напад се случил минатиот викенд, а хакерите инфицирале преку 4000 сајтови низ целиот свет. Меѓу засегнатите веб-ресурси се големи државни портали на САД, Велика Британија, Канада и Австралија, вклучувајќи ги и сајтовите на Британската национална здравствена служба, неколку американски судови и министерства.
Криминалците одлучиле да го искористат вирусот за „копање“ криптовалута. Ако хакерите беа малку поинтелигентни, сиот овој напад можел да се претвори во голем интернационален скандал. Како што вели Скот Хелми, истражувачот кој прв го откри сајбер-нападот на својот блог, за да заразат повеќе од илјада сајтови не е неопходно да се направи тоа рачно – доволно е да се расипе еден ресурс што го користат сите потенцијални жртви. Овој трик беше употребен од страна на натрапниците. Изворот на нападот беше plug-in за WordPress наречен Browsealoud, кој се користи на неколку илјади сајтови за да им се помогне на лицата со оштетен вид.