Откако беше претставен во октомври 2016. година, смартфонот Google Pixel веќе најде свое место на пазарот на паметни телефони.
Во последниот извештај за продажбата на телефонот се наведува дека Google има продадено 3,9 милиони примероци од моделите Pixel и Pixel 2 во 2017. година.
Тоа е само малку помалку од една продажна недела на iPhone, но иако бројката е релативно мала, продажбата на Google Pixel се движи во вистинска насока.
Најновите податоци на компанијата „Kantar Worldpanel“ покажуваат дека телефоните на Google бележат раст во САД од 1.8 нa 2.8 oтсто на пазарот.
Бројките се зголемуваат во мали фрагменти, но финансиските експерти велат дека пред се е потребно трпение, како и дека обврската на Google да биде производител на хардвер никогаш не била поголема.
Имено, компанијата неодамна го купи тимот на HTC за дизајн на паметни телефони за 1,1 милијарди долари, а атрактивноста на серијата Pixel ќе се подобри во годините кои доаѓаат, поради што не треба да бидат потценети на пазарот на мобилни телефони.
Извор: B92.net