Новиот документарец на National Geographic (Lost Treasures of the Maya Snake Kings), е посветен на новооткриениот „Мегалополис“ на Маите, кој претставува голем исчекор во проучувањето на историјата на оваа цивилизација. Над 60.000 живеалишта, инфраструктурни системи, и други градби одамна скриени под густите жуми на Гватемала, сега се откриваат за светот, креирајќи слика на овие некогашни градови за кои дури сега се дознава дека биле многу поголеми и понаселени отколку што се мислело.

Maya 2

Maya 3

Револуционерната технологија наречена LiDAR (Light Detection And Ranging), им помогнала на научниците да продрат под слоевите на почвата на северот ан Гватемала, односно истите дигитално да бидат отстранети. Според National Geographic, резултатите од ова откритие сугерираат дека оваа цивилизација веќе слободно може да се споредува со софстицираните култури на античка Грција или пак Кина.

Maya 5

Дополнително, сликите од LiDAR покажуваат дури и еден вид на подигнати патишта кои ги поврзувале урбаните центри, како и комплексни иригациони системи.