Сите кои пораснаа во времето на почетокот на Интернет, односно кога мрежата почна да го доживува својот прв „бум“, не можеа, а да не го користат „Winamp“, еден од најпопуларните и најомилените музички плеери, на кој и денеска со носталгија се присетуваме
„Winamp“ од неодамна, повторно стана достапен, овој пат како емулатор кој може да се стартува од било кој актуелен интернет прелистувач.
Корисниците можат да си „играат“ со промена на различни „скинови“, така што ќе ги менуваат во прозорецот на прелистувачот или ќе ги додаваат на ист начин, како и „mp3“ фајловите – доколку се уште ги имате.
Новиот „Winamp“ изгледа и функционира како и оргиналниот, а единствено му недостасува додатокот за визуелни ефекти „Milkdrop 2.0“, кои ја следеа музиката пуштена во „Winamp“. Автор на овој емулатор е програмерот од Сан Франциско, Џордан Елдриџ.
Музичкиот плеер „Winamp“ престана да добива ажурирања и нови верзии во 2014. година.
Извор: B92.net