Индиската компанија DC Design претстави ново спортско купе на автомобилскиот саем во Њу Делхи, чија амбиција е да ги украде клиентите од најпопуларните брендови во овој сегмент од пазарот. Зад името на TCA се кријат материјалите од кои е направен автомобилот – Титан, Јаглерод, Алуминиум.
Новиот индиски спортски автомобил има импресивен дизајн – посебнo во однос на Avanti, првиот автомобил на DC Design. Во клинестата каросерија на TCA лесно се забележува влијанието на моделот на McLaren – 720S. DC TCA е подолг, понизок и поширок од моделот Avanti, при што во конструкцијата се употребени титаниум, јаглеродни влакна и алуминиум (тежината на возилото не е наведено).
Автомобилот го покренува централно поставениот 3,8 литарски V6 мотор со 320 коњски сили, во пар со шестостепениот автоматски менувач, додека забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,5 секунди.
Во план е производство од само 299 примероци, по цена од околу 61.000 американски долари (компанијата веќе доби 60 нарачки), со најава дека првите примероци ќе бидат испорачани во октомври оваа година.